Интердентален сет Curaprox CPS 457 "џебен сет"

Интердентални четкички за употреба во домашни услови и при патување

580,00 ден
04001
На залиха
+

Интердентален сет CURAPROX CPS 457 "џебен сет" сместен е во практична мала кутија соодветна за домашна употреба или при патување. Содржи ергономски обликуван држач CURAPROX UHS 450 "клик затворач" и пет големини на интердентални четкички CURAPROX CPS "prime" (06, 07, 08, 09 i 011).

CURAPROX CPS "prime" интерденталните четкички се ефективни, нежни и целосно го исполнуваат интерденталниот простор, без ризик од повреда. Соодветни се и за чистење и на најмалите интердентални простори.Со нивна редовна употреба може да се спречи појавата на кариес во интерденталните простори, воспаление на непцата а подоцна и пародонтит (расклатување на забите).

Имаат едноставен начин на употреба: интерденталната четкичка внесете ја и извадете ја од секој интердентален простор еднаш на ден.

Благодарение извонредно тенката и издржлива хируршка жица CURAL® доволно е само еднаш да се помине низ секој интердентален простор со интерденталнта четкичка.

Производител: Curaden International AG, Швајцарија

  • Интерденталната четкичка со соодветна големина нежно ја внесуваме во
    интерденталниот простор помеѓу двата заба и непцето.
  • Ја внесуваме во интерденталниот простор и ја извлекуваме.
  • Придржувајте се по правилата: еднаш внатре, еднаш надвор, еднаш на ден.




-0

Препорачуваме