Curaprox Enzycal 1450

Нежна и моќна - паста за заби која не е штетна, а содржи ензими кои ја поттикнуваат природната заштита

375,00 ден
17006
На залиха
+

Паста за заби CURAPROX Enzycal 1450 не содржи агресивно средство кое пени(SLS), кое се наоѓа во повеќето пасти за заби. Затоа при употреба на оваа паста за заби оралната слузокожа е заштитена од иритации и од било какви дразби кои може да доведат до создавање на афти.

Пастата за заби Enzycal содржи три ензими, кои ја поттикнуваат природната одбранбена функција на плунката: лактопероксидаза, глукооксидаза и амилоглукозидаза. Овие ензими веќе се наоѓаат во плунката,каде ја стабилизираат и ја засилуваат антибактериската и реминерализирачката функција на истата - го намалуваат растот на бактериите и ја зголемуваат природната рамнотежа на бактериската флора во усната празнина. Го спречуваат и чувството на сувост во устата.

Пастата има благ вкус и содржи масло од нане. Може да ја користат деца над 12. годишна возраст.

Паста за заби CURAPROX Enzycal 1450 содржи 1450 ppm натриум флуорид за посилна заштита од кариес.

Предности на пастата за заби CURAPROX Enzycal 1450:
- не содржи средство за пенење SLS (го намалува ризикот од појава на афти)
- ензимите овозможуваат дополнителна заштита од кариес
- ниско абразивна паста за заби, нежна спрема емајлот
- мало количество на ментол

Во продажба се и пастите за заби CURAPROX Enzycal:
- Enzycal 950
- Enzycal ZERO

Производител: Curaden International AG, Швајцарија

  • За секојдневна употреба

-0

Препорачуваме