Curaprox CS 12460 VELVET

Само најнежното за Вашите непца:

12.460 ултра тенки CUREN® влакна со дијаметар од само 0.08 mm

425,00 ден
01042
На залиха
+

Посветете време за себе и за своето орално здравје. Доволно е два пати дневно. CS 12460 Velvet е сензационално нежна кон емајлот на забите и непцата.

Нека четкањето на заби стане Ваш најомилен дел од денот.

12460-те посебни CUREN® влакна овозможуваат незаборавно нежно CURAPROX искуство при четкање на забите. За цврсти, убави заби и здрави непца... без оштетување на емајлот на забите и без повлекување на непцето.

Четка за заби CS 12460 Velvet:

  • исклучително нежна за забите и непцата
  • 12460 ултра тенки CUREN® влакна со дијаметар од само 0.08 mm
  • густо распоредените CUREN® влакна создаваат исклучително ефикасна и посебно нежна површина за чистење
  • благо накривена, компактна мала глава на четката за оптимално и едноставно чистење
  • осумаголна дршка која овозможува правилно четкање под агол од 45 степени
  • Производител: Curaden International AG, Швајцарија

    • Четката ја поставуваме така што половина од влакната ќе ги покриваат непцата, а другата половина забите. Влакната ги насочуваме кон непцето. Чистиме со мали кружни движења без притисок.
    • Со мали кружни движења и влакна насочени кон непцето полека се
      движиме кон бочните заби.
    • Предноста на широката глава на четката доаѓа до израз при чистење на
      дисталните површини на катниците.
    • Ако ја поставиме четката вертикално лесно ќе ги исчистиме тешко достапните места.
    • Кај долните заби насочете ја главата на четката кон непцата и продолжете
      со кружни движења без притисок.
    • Со добро обликуваната глава на четката, лесно ќе ги исчистиме тесните површини на долните заби.

    • 1 Curaprox CS 12460 Velvet четка за заби

    Препорачуваме