Естетика

Ако не сте задоволни со некој дел од своето тело, напредокот во медицината Ви овозможува тоа да се корегира. Исто е и со забите. На различен начин можете да дојдете до здрава насмевка, но нашиот начин е ефикасен и безбеден за забите и непцата. Ви звучи интересно? Кликнете за повеќе совети.

Белење на забите

Белење на забитеКако што секој човек има единствен и уникатен отпечаток на прстите така и забите се уникатни – не само по број, форма, квалитет и положба во устата туку и по боја. Тие природно се со различни нијанси – од снежно бели до кремасти и сивкасти тонови, а бојата зависи од наследниот фактор како и од внатрешната и надворешната пребоеност. Надворешната пребоеност ја дава забниот камен, површинските забни наслаги, користењето на цигари, кафе, чај, вино... додека внатрешната пребоеност ја дава користењето на одредени лекови, лечени заби и наследни заболувања. Жолтеникавата пребоеност на забите е природна, тие заби се поцврсти, но под влијание на холивудските трендови, се повеќе се смета дека треба да имаме што побели заби.