Четка за заби Curaprox CS Kids - за Вашите деца. Оваа четка сигурно ќе им се допадне на сите деца на возраст од 4 до 12 години – но ќе им се допадне и на нивните запчиња. На главата имаат 5.500 супер меки и тенки CUREN® влакна кои го претвораат четкањето во незаборавна утринска и вечерна забава. Нежните влакна темелно го отстрануваат забниот плак, без да ги оштети нежните детски непца.
Достапни се во шест привлечни бои, и ергономска осумаголна дршка специјално дизајнирана за малите детски рачиња и за незаменливо чувство на чистота. Сето тоа досадното четкање на заби го претвора во забавна рутина.
Само за децата: идеална дршка за малите детски рачиња и мала компактна глава за лесен пристап до тешко достапните места во устата. Ниту едно забче нема да остане неисчистено благодарение на 5.500 CUREN® влакна. Му кажуваме збогум на кариесот, а добредојде на здравите заби и непца.
- Наменета е за деца од 4 до 12 годишна возраст
- Во шест омилени бои
- Осумаголна дршка за малите и големите детски рачиња
- 5.500 ултра меки и тенки CUREN® влакна (со дијаметар од 0.09 mm)
- Неверојатна ефикасност: благодарение на 5.500 CUREN® влакна кои формираат компактна, нежна и многу ефикасна површина за четкање
- Досадното четкање на заби го претвораат во вистинска забава во бањата
- Не содржи штетни состојки како бисфенол А (BPA), фталати или азо-боја
Производител: Curaden International AG,Швајцарија
- Поставете ја четката за заби така што половина од влакната ќе ги покриваат непцата, а другата половина забите
- четкајте со мали кружни движења. На овој начин густите и тенки влакна ефикасно ќе ги исчистат наслагите помеѓу работ на непцето и забот.
1 Curaprox CS Kids четка за заби