Храната и забите

Она што го јадеме и пиеме има значително влијание врз нашето општо и орално здравје. За здрава насмевка не е битно само да внимавате на балансираната исхрана туку и да внимавате на четкањето на забите. Проверете какво е влијанието на одредени производи врз забите и како правилно да одржувате орална хигиена.

Естетика

Ако не сте задоволни со некој дел од своето тело, напредокот во медицината Ви овозможува тоа да се корегира. Исто е и со забите. На различен начин можете да дојдете до здрава насмевка, но нашиот начин е ефикасен и безбеден за забите и непцата. Ви звучи интересно? Кликнете за повеќе совети.

Превентива

Сите добро ја знаете изреката "Подобро да се спречи отколку да се лечи" Собравме бројни совети на едно место како би Ви помогнале да ја подигнете грижата за оралното здравје на ново ниво. Чувањето на здрави заби доживотно не е невозможно. Дознајте како, со советите кои Ви ги подготвивме.

Детски заби

На детските заби им е потребна посебна нега, бидејќи тие се поподложни на кариес поради тенкиот емајл. Кога ќе се појави првото запче време е и за првата четка за заби. Затоа дознајте кога е време за првиот стоматолошки преглед, како да започнете со четкањето на млечните заби и која е важноста од правилен раст и развој на забите и вилиците на Вашето дете.

Ортодонтски апарати

Сите протетски и ортодонтски надоместоци во усната празнина бараат поспецифична нега. Проверете кои алатки ќе Ви помогнат во хигиена на тешко достапните места при третманот на ортодонтски неправилности така што на крајот од терапијата ќе имате не само ортодонтски прави туку и здрави заби.

Импланти, мостови, коронки, ламинати

Грижата за протетските надоместоци во устата е од особена важност за нивна долготрајност и за здравјето на оралните ткива кои ги опкружуваат. Гингивата и коскеното ткиво околу имплантот се помалку отпорни на денталниот плак за разлика од оралните ткива околу природните заби, па затоа и правилната орална хигиена на истите е од особена важност. Научете како да ја одржувате оралната хигиена и тогаш кога ги немате сите заби во усната празнина.

Кариес

Кариесот е најчестото заболување во усната празнина. Само со редовна и правилна орална хигиена и употреба на соодветни алатки може да се спречи. Научете како настанува кариес и како да се справите со него.

Воспаление на непцата

Знаците на воспаление не треба да се игнорираат, во спротивно тие ќе прогредираат во подлабоките ткива и може да предизвикаат сериозни здравствени компликации. Правилната орална хигиена и редовните посети на стоматолог се од клучно значење. Зошто непцата крварат? Како да се одржува оралната хигиена кога четкањето е отежнато? Како одредени системски заболувања влијаат врз состојбата на усната празнина и обратно? Проверете ги следниве совети за тоа како правилно да се грижите за оралното здравје.