Здрава храна за здрава насмевка


Здрава храна за здрава насмевка

Пролетта и летото се годишни времиња кои не поттикнуваат на здрав живот со повеќе физичка активност и балансирана исхрана, бидејќи сакаме да се припремиме за топлите денови и уживањето на плажа. Сепак здравата исхрана не е значајна само за здраво тело туку и за здрава насмевка. Во продолжение прочитајте кои витамини и минерали се битни за здравјето на забите и непцата според американската Академија за општа дентална медицина и која храна да ја одбегнуваме.

Витамини и минерали

Калциум

Калциумот е најзастапен минерал во телото и е неопходен за развој на здрави коски и заби. Неговиот недостаток го зголемува ризикот од воспаление на непцата и кариес.

Производи кои содржат калциум: брокули, кинеска зелка, млеко и млечни производи, школки и смокви.

Железо

Недостатокот на железо може да предизвика глоситис: воспаление на јазикот и појава на ранички.
Производи кои содржат железо: црвено месо, џигер, житарици од цело зрно, црвена пиперка, темнозелен листест зеленчук и лешници.

Витамин B3 (ниацин)

Недостаток на витамин B3 може да предизвика непријатен здив и појава на афти во устата, но за среќа го има во многу производи и со тоа лесно може да се внесе во организмот со соодветна исхрана
Производи кои содржат витамин В3: пилешко месо, риба, јајца, авокадо, урми, домати, зелен листест зеленчук, брокули, алги, спирулина, ореви, интегрални житарици. 

Витамин B12 i B2 (рибофлавин)

Афтите во устата настануваат како резултат на недостаток на два важни витамини (B12 i B2).
Производи кои содржат витамин B12 i B2: витамин B12 – црвено и пилешко месо, џигер, свинско месо, риба, млеко и млечни производи; витамин B2 – квасец, јајца, спанаќ, бадеми. Двата витамини ги содржи и алгата спирулина.

Витамин CВитамин C

Недостаток на витамин C може да предизвика крварење на непцата и подоцна губиток на забите.
Производи кои содржат витамин C: јагоди, папаја, агруми, црвена пиперка, прокељ, брокули, грашок, зелка, компир.

Витамин D

Витаминот D е многу значаен бидејќи му помага на телото да го абсорбира калциумот. Човекот со изложеноста на сонце прима доволно витамин D, а неговиот недостаток може да се почувствува како пецкање во устата, горчлив вкус или вкус на метал и намалена цврстина на забите. Недостаток на витамин D може да ги направи забите порозни и повеќе подложни на кариес.
Производи кои содржат витамин D: млеко, риба, путер, жолчка и џигер.

Храна за НЕубава насмевка

Некои производи се штетни за нашите заби. Можеме да не ги конзумираме воопшто или да го намалиме нивниот внес но секако треба да внимаваме на темелната орална хигиена.

Јаглехидрати

Тоа се шеќери – главни непријатели на здравите заби. Микроорганизмите кои се наоѓаат во денталниот плак заедно со преработените шеќери, создаваат големи количини на киселини кои го разоруваат емајлот на забот и предивикуваат кариес. Производите богати со шеќери како компир, леб, тестенини, пецива можат да бидат подеднакво штетни за забите колку и слатките.

Лепливи производи

Сувото грозје, енергетските плочки од житарици, желе бонбоните и медот се производи кои се налепуваат на забите. Плунката која природно не заштитува од шеќерите, тешко може да ги отстрани од забите.

Гуми за џвакање, бонбони, лижавчињаГуми за џвакање, бонбони, лижавчиња

Тоа се слатки кои се многу штетни за забите бидејќи содржат специфични шеќери кои на забите формираат слој. Колку подолго се присутни шеќерите во устата толку повеќе се зголемува ризикот од кариес.

Газирани пијалоци

Тоа се пијалоци кои содржат многу шеќери. По некои податоци шише безалкохолен газиран пијалок од 2,5 dcl содржи 10 чајни лажички шеќер. Газираните пијалоци предизвикуваат киселинска ерозија на емајлот на забот, неговите рабови се истенчуваат и кршат. Во сите случаи темелната орална хигиена е од најголемо значење за заштита.

Природни сокови

И овие пијалоци содржат голема количина на шеќери, што може да предизвика оштетување на емајлот и ризик од кариес.

Темелно четкање на забите Темелно четкање на забите

За здрава насмевка не е битна само избалансираната исхрана туку треба да се посветиме и на темелната и редовна орална хигиена. Само на тој начин ќе бидат отстранети бактериите од денталниот плак кои се главен причинител за настанување на кариес и воспаление на непцата. За подобра орална хигиена забите четкајте ги темелно наутро и навечер. Со темелно и редовно четкање се отстрануваат денталниот плак и бактериите и со тоа се намалува ризикот од кариес и воспаление на непцата. Најдобро е да користите меки четки за заби со илјадници тенки влакна со кои ќе можете ефикасно и без притисок темелно да ги отстраните забните наслаги од забите и работ на непцето. Не заборавајте да ги исчистите и интерденталните простори. Користете интердентални четкички со соодветна големина и/или забен конец.