3 чекори кои водат до расипување на забите

3 чекори кои водат до расипување на забите

Дали знаете дека емајлот е најтврдата супстанца во човековото тело? Меѓутоа тоа не значи дека е неуништлива. Може да се оштети со појава на кариес. Причина за негово настанување се бактериите во денталниот плак кои при разградувањето на шеќерите создаваат киселини кои го разоруваат емајлот. Тоа и не е толку брз процес бидејќи и плунката со своите минерали ги корегира микропукнатините на емајлот но ако тоа е константен процес на едно исто место,ни плунката нема да може да помогне.

 3 најчести причини за заболување на забите

1. Забораваме да ги исчеткаме забите
Во устата живеат повеќе од 500 различнии видови на микроорганизми кои постојано се размножуваат. Доколку заборавиме да ги исчеткаме забите се зголемува ризикот од настанување на кариес.

2. Забите ги четкаме недоволно
Чувството на чисти заби понекогаш може да не залаже особено ако користиме паста за заби која многу пени, мириса и има јак вкус. Тогаш чувствуваме свежина во устата и мислиме дека таа е чиста. Интердентални четки и конец за заби не користиме бидејќи мислиме дека пастата целосно си ја завршила својата работа околу хигиената, но тоа не е точно.

3. Постојано конзумираме слатки и грицки
Ако цел ден јадеме слатки и грицки кои содржат шеќери, вештачки бои, арома и вкусови вредноста на рН вредноста во устата постојано се намалува. Тоа значи дека нашите заби се наоѓаат во многу кисела средина која ја нагризува глеѓта на забите. Тогаш шеќерите им се на располагање на бактериите подолго време и за многу краток период се создава кариес.