Кариес

Кариесот е најчестото заболување во усната празнина. Само со редовна и правилна орална хигиена и употреба на соодветни алатки може да се спречи. Научете како настанува кариес и како да се справите со него.

Кариес

расипување на забитеОд 6 до 12 година е период кога најчесто забите заболуваат од кариес бидејќи тогаш растат и трајните заби. Ако тогаш Ви се појави кариес во тој период многу е веројатно дека тоа ќе се провлекува на истите места почесто и подоцна. Решението за стопирање на кариесот е едноставно – да се научат децата на редовна и темелна орална хигиена со ссодветни алатки. На тој начин ќе ги заштитите не само од кариес туку и од воспаление на непцата кое би се јавило во подоцнежни години.

3 чекори кои водат до расипување на забите

3 чекори кои водат до расипување на забите

Дали знаете дека емајлот е најтврдата супстанца во човековото тело? Меѓутоа тоа не значи дека е неуништлива. Може да се оштети со појава на кариес. Причина за негово настанување се бактериите во денталниот плак кои при разградувањето на шеќерите создаваат киселини кои го разоруваат емајлот. Тоа и не е толку брз процес бидејќи и плунката со своите минерали ги корегира микропукнатините на емајлот но ако тоа е константен процес на едно исто место,ни плунката нема да може да помогне.