5 Решенија против непријатниот здив

Главна причина за непријатниот здив е неправилната орална хигиена, но тој може да биде и показател за некое сериозно системско заболување. Добра вест е што во борбата со непријатниот здив или халитоза како што стручно се нарекува можеме да влијаеме и ние самите, но доколку тој и понатаму продолжува тогаш треба да се посети стоматолог.

1) Правилна орална хигиена и соодветни помагала

Правилна орална хигиена и соодветни помагала Според некои истражувања непријатниот здив најчесто е поврзан со неправилната орална хигиена. Непријатниот здив го предизвикуваат бактериите кои се наоѓаат во устата и грлото, произведуваат сулфурна киселина и при неправилна орална хигиена тие се размножуваат. Затоа најдобро и наједноставно решение за овој проблем е хигиена на забите и усната празнина. Покрај четката за заби се препорачува и употреба на интердентални четкички, конец за заби и чистач за јазик. Јазикот има бразди кои се идеално место за насобирање на бактерии, но со редовна употреба на чистачот за јазик тие темелно ќе се отстранат.

2) Конзумирање на доволно количина вода во текот на денот

Причина за непријатен здив може да биде и сувата уста. Бидејќи во текот на ноќта лачењето на плунка е намалено, непријатниот здив најмногу се приметува наутро. Улогата на плунката во нашата уста е многу значајна – делува антимикробно, ја регулира рН вредноста во устата и ги отстранува остатоците од храна во неа. Од големо значење е усната празнина да биде постојано навлажнета а за тоа е потребно редовен и константен внес на вода која делува и благопријатно на целиот организам.2)	Конзумирање на доволно количина вода во текот на денот

3) Редовна исхрана

Непријатниот здив може да е резултат и на празен желудник, затоа редовната исхрана е многу значајна. Битна е и храната која ја внесуваме: лук, производи со белковини, сирење, месо, млечни производи бидејќи и тие влијаат на непријатниот здив. Се препорачува конзумирање на морков, целер, јаболка или ореви.

4) Одбегнувајте алкохол и цигари

Алкохолот и цигарите се главни виновници за непријатниот здив. Ја сушат оралната слузокожа кое резултира со прекумерно размножување на бактерии, и предизвикуваат заболување на непцата кое ако не се лечи може да го интензивира непријатниот здив.

5) Редовни посети на стоматолог

Редовни посети на стоматологДоколку значително се подобри оралната хигиена а непријатниот здив и понатаму продолжува тогаш потребно е посета на стоматолог кој ќе провери дали непријатниот здив потекнува од кариес на забите, заболување на непцата или забен камен. Доколку стоматологот открие дека причината не е во оралната хигиена или заболување во усната празнина тогаш потребно е да се посети општ доктор кој ќе направи испитувања дали причината е некое системско заболување.