Превентива

Сите добро ја знаете изреката "Подобро да се спречи отколку да се лечи" Собравме бројни совети на едно место како би Ви помогнале да ја подигнете грижата за оралното здравје на ново ниво. Чувањето на здрави заби доживотно не е невозможно. Дознајте како, со советите кои Ви ги подготвивме.

Здрави сте ако Ви е здрава усната празнина

CuraproxДоколку немате болка, може да се каже дека Вашата усна празнина е здрава. Но дали е навистина така? Постои можност во устата да имате рана со големина на дланка а тоа да не го знаете. Пародонтопатијата е заболување кое го имаат 80% од населението, но нејзините знаци за заболување ги игнорираат.

За здрава усна празнина потребни се супер херои

Порано се мислело дека супер херои за здрава усна празнина се четката и пастата за заби, но новите истражувања докажуваат дека четката за заби и интерденталните четкички се новите супер херои. Микроорганизмите кои се наоѓаат на нашите заби и непца мора механички да се отстранат од сите пет површини на забите. Како да го направите тоа најефикасно?

Трети молари (умници)

Трети молари (умници)Третите молари или умници никнуваат како последни трајни заби, затоа во устата за нив останува малку простор. Најчесто тие неправилно никнуваат и се тешко достапни за четкање. Оттука и дилемата дали умниците треба да се отстранат или да останат во устата. Нашата задача е да одржуваме темелна хигиена и на тешко достапните места како што се последните заби. Доколку предизвикуваат потешкотии потребна е консултација со стоматолог за нивен понатамошен третман.

Конец за заби или интердентална четкичка?

Четка за заби, паста за заби и конец за заби. Овие три алатки се дел од секојдневната рутина за орална хигиена скоро во секое семејство. Но на се повеќе полици веќе може да се најдат мали четкички во различна боја- интердентални четкички.

5 Решенија против непријатниот здив

Главна причина за непријатниот здив е неправилната орална хигиена, но тој може да биде и показател за некое сериозно системско заболување. Добра вест е што во борбата со непријатниот здив или халитоза како што стручно се нарекува можеме да влијаеме и ние самите, но доколку тој и понатаму продолжува тогаш треба да се посети стоматолог.