CURAPROX

CURAPROX

Curaden AG е швајцарска компанија, пионир во развојот на производи за зачувување на оралното здравје и индивидуална дентална профилакса. Брендот CURAPROX во соработка со стоматолошките професионалци, создава производи кои имаат една единствена цел: доживотна грижа за здравјето на забите и непцата.

Нашата долгогодишна соработка со швајцарските дентални професионалци создаде богат фонд на знаење за техниката на четкање на забите и правилното одржување на оралната хигиена- како и создаде производи кои се прифатливи, ефикасни и атрауматски за оралните ткива. Асортиманот на CURAPROX опфаќа се што е потребно за доживотно зачувување на оралното здравје, четки за заби за возрасни и деца, интердентални четкички, четки за соло техника, забни конци, цуцли лажалки и глодалки, и средства за дополнителна орална хигиена.

Седиштето на Curaden AG е во Криенс во близина на Луцерн. Сите производи на CURAPROX се осмислении и развиени во Швајцарија уште од 1972 година.