Детски заби

На детските заби им е потребна посебна нега, бидејќи тие се поподложни на кариес поради тенкиот емајл. Кога ќе се појави првото запче време е и за првата четка за заби. Затоа дознајте кога е време за првиот стоматолошки преглед, како да започнете со четкањето на млечните заби и која е важноста од правилен раст и развој на забите и вилиците на Вашето дете.

Млечни заби

млечни забиПрвите месеци од животот на детето се од особена важност за раст и развој на здрави заби, но и за личен развој. За правилен развој децата треба што повеќе да бидат изложени на различни дразби: цицање, голтање, гризење. Сетотоа влијае за подобар развој на вилиците и забите.