Млечни заби

млечни забиПрвите месеци од животот на детето се од особена важност за раст и развој на здрави заби, но и за личен развој. За правилен развој децата треба што повеќе да бидат изложени на различни дразби: цицање, голтање, гризење. Сетотоа влијае за подобар развој на вилиците и забите.

Повеќето родители никнувањето на забите на нивните деца ги потсетува на долги непроспиени ноќи, а паднатото млечно забче децата ги потсетува на подарокот од Добрата самовила. Во секој случај грижата за млечните заби е многу битна.

Значење и функција на првите заби

Првите млечни заби кај бебињата никнуваат помеѓу 4 и 11 месец од животот. Прво никнуваат долните први секачи, потоа првите и вторите горни секачи, потоа долните втори секачи, првите горни и долни катници, потоа канините и помеѓу 24 и 36 месец вторите горни и долни катници. Сите млечни заби никнуваат до крајот на 3та година и вкупно се 20 на број. Некои родители ја потценуваат важноста од здрави млечни заби, бидејќи сметаат дека брзо ќе се сменат па не е потребно посебна грижа за нив, што секако не е правилно. Штом никне првиот млечен заб под него започнува да се формира трајниот заб. Негрижата за млечните заби може да влијае врз здравјето на трајните заби. Млечниот заб е тој кој покрај другото и го чува местото на трајниот заб. Ако детето предвреме го изгуби млечниот заб, просторот ќе почне да се стеснува и може да дојде до ортодонтски аномалии.

Првото искуство на детето со четката за заби треба да биде пријатно

Од големо значење е детето уште од најмала возраст да ја научи важноста за одржување наПрвото искуство на детето со четката за заби треба да биде пријатно добра и правилна орална хигиена, која ќе влијае како на оралното здравје така и на целокупното системско здравје во подоцнежните години. За добро здравје на забите значајно е исхраната на детето да содржи помалку шеќери и засладени пијалоци. Битно е и какво ќе биде првото искуство на детето со четката за заби. Колку е попријатно тоа искуство толку порано детето ќе се навикне на редовната потреба за четкање на забите.

Треба да се напомене дека со растот и развојот на детето неговата усна празнина се менува, се појавуваат испакнувања на вилиците пред да изникнат забите, никнуваат млечни заби, се менуваат млечните со трајни заби, со тоа се менуваат и средствата за одржување на оралната хигиена но правилото дека треба да се исчеткаат сите површини на забите останува секогаш исто.