Кариес

расипување на забитеОд 6 до 12 година е период кога најчесто забите заболуваат од кариес бидејќи тогаш растат и трајните заби. Ако тогаш Ви се појави кариес во тој период многу е веројатно дека тоа ќе се провлекува на истите места почесто и подоцна. Решението за стопирање на кариесот е едноставно – да се научат децата на редовна и темелна орална хигиена со ссодветни алатки. На тој начин ќе ги заштитите не само од кариес туку и од воспаление на непцата кое би се јавило во подоцнежни години.

Сите микроорганизми не се штетни

Емајлот е најтврдата супстанца во нашето тело, но и покрај тоа е подложна на киселините кои ги создаваат микроорганизмите разградувајќи ги шеќерите од храната. Во устата присутни се околу 700 видови микроорганизми, но не се штетни сите за нашето здравје. Проблематични се само некои и тоа само кога премногу ќе се размножат.

Повторувањето е мајка на знаењето

Бидејќи со растот и развојот на детето неговата уста постојано се менува – од беззабост, потоа никнуваат млечните заби, па тие испаѓаат, па имаме мешовита дентиција од млечни и трајни заби, па до сите изникнати трајни заби – клучно е да се одржува темелна и правилна орална хигиена во сите периоди од развојот. Основата за правилна орална хигиена да се исчистат сите површини на забите не се менува, но се менува начинот на кој таа се постигнува. Притоа многу е битен првиот контакт на детето се четката за заби. Нашата цел е да се научи детето на темелна, правилна и редовна орална хигиена. Само така ќе превенираме кариес и воспаление на непцата.

Четки за заби – секогаш од помошЧетка за заби single

Четките за заби со своите особини и карактеристики значајно допринесуваат за полесно прифаќање на четкањето како дел од секојдневната рутина. Пожелно е четката за заби да биде со меки и густо распоредени влакна како на пример Curababy за најмалите или CS kids за малку поголемите деца) кои се нежни спрема детските заби и непца, а благодарение на бројните густо распоредени влакна се многу ефикасни во отстранувањето на денталниот плак и на тешко достапните места.