Конец за заби или интердентална четкичка?

Четка за заби, паста за заби и конец за заби. Овие три алатки се дел од секојдневната рутина за орална хигиена скоро во секое семејство. Но на се повеќе полици веќе може да се најдат мали четкички во различна боја- интердентални четкички.

Повреди кои настануваат при користење на конец за забиПовреди кои настануваат при користење на конец за заби

Интерденталните четкички се многу поефикасни од конецот за заби за чистење на интерденталните простори а има и две причини зошто е тоа така.
Прво неправилната употреба често води до повреди. Ако се користи премногу енергично може да предизвика засек во непцето. Овие повреди може да предизвикаат и инфекција бидејки се идеално место за размножување на бактерии.
Второ, дури и најдобриот конец треба да се користи само за чистење на предните заби. Сите останати заби имаат таков анатомски облик да помеѓу нив неможе да достигне конецот за заби. Нивните апроксимални површини имаат заоблувања во кои конецот за заби не е доволно ефикасен. Пародонтопатијата е подмолно заболување кое може да доведе до губиток на забите.

Погодни се и за специфичните местаПогодни се и за специфичните места

Затоа Curaprox CPS интерденталните четкички се се повеќе популарни. Достапни се во различни големини, во зависност од Вашите потреби и изработени се од нежна Cural® жица. Ниту еден производител нема така тенка и нежна а истовремено издржлива жица. Долгите влакна достигнуваат и до најкритичните места помеѓу забите и ги чистат нежно и без повреди. Доколку се користат правилно спречуваат појава на непријатен здив, апроксимален кариес и пародонтопатија.
Потребно е малку време да се навикнете на нивното користење. Меѓутоа Curaprox интерденталните четкички се нежни и едноставни за употреба. Доволно е еднаш да се внесат во интерденталниот простор и да се извлечат, еднаш на ден.