Одржување на хигиена на тешко достапните места во оралната празнина

Одржување на хигиена на тешко достапните места во оралната празнина

Самата анатомија и морфологија на усната празнина бара темелна орална хигиена. Места кои бараат посебна нега се:

  • нерамнините на забите,
  • фиксните ортодонтски апарати,
  • умниците,
  • протетските надоместоци.

Ова се места кои бараат посебно внимание при одржувањето на хигиената, и за кои покрај четка за заби потребно е да се користат и дополнителни средства како:

Curaprox CS Single – четка за заби со влакна во снопCuraprox CS 1006

Curaprox CS Single е четка за заби која е ефикасна во чистењето на оклузалните површини на забите особено за нивните нерамнини (фисури). Снопот на густо распоредени влакна на нејзината глава ефикасно ги чисти и местата околу и под брикетите на фиксните ортодонтски апарати, под мостовите и околу забните импланти.

Curaprox CPS интердентални четкички

Употребата на интерденталните четкички се препорачува како дел од редовната орална хигиена. Curaprox CPS „perio“ i „soft implant“ интерденталните четкички се употребуваат после хируршки интервенции на пародонталните ткива, после поставување на импланти, мостови или ортодонтски апарати, и кога одржувањето на оралната хигиена е особено отежнато.

Конец за забиКонец за заби

И конецот за заби се вбројува во алатки за дополнителна орална хигиена. Покрај стандардните конци за заби постојат и специфични конци со сунѓерест дел во средината особено погодни за чистење под мостовите, околу имплантите и фиксните ортодонтски апарати.