Ортодонтски апарати

Сите протетски и ортодонтски надоместоци во усната празнина бараат поспецифична нега. Проверете кои алатки ќе Ви помогнат во хигиена на тешко достапните места при третманот на ортодонтски неправилности така што на крајот од терапијата ќе имате не само ортодонтски прави туку и здрави заби.

Одржување на хигиена на тешко достапните места во оралната празнина

Одржување на хигиена на тешко достапните места во оралната празнина

Самата анатомија и морфологија на усната празнина бара темелна орална хигиена. Места кои бараат посебна нега се:

  • нерамнините на забите,
  • фиксните ортодонтски апарати,
  • умниците,
  • протетските надоместоци.

Правилна орална хигиена со фиксен ортодонтски апарат

Правилна орална хигиена со фиксен ортодонтски апарат Основа за здрава усна празнина е темелна орална хигиена која подразбира отстранување на денталниот плак. Тој не е ништо друго освен заедница на различни микроорганизми кои со своето делување може да ги оштетат забите и непцата. Ако сакате да го зачувате здравјето на усната празнина мора добро да ја познавате, вклучувајќи ги и они најтешко достапните места до кои потешко достигнува четката за заби. Такви места има уште повеќе доколку носите и фиксни ортодонтски апарати.