Правилна орална хигиена со фиксен ортодонтски апарат

Правилна орална хигиена со фиксен ортодонтски апарат Основа за здрава усна празнина е темелна орална хигиена која подразбира отстранување на денталниот плак. Тој не е ништо друго освен заедница на различни микроорганизми кои со своето делување може да ги оштетат забите и непцата. Ако сакате да го зачувате здравјето на усната празнина мора добро да ја познавате, вклучувајќи ги и они најтешко достапните места до кои потешко достигнува четката за заби. Такви места има уште повеќе доколку носите и фиксни ортодонтски апарати.

Фиксен ортодонтски апарат и критичните места

Две се местата во устата на кои треба да им се посвети посебно внимание при одржување на оралната хигиена, просторот помеѓу работ на непцето и забот и интерденталните простори. Но доколку носите фиксни ортодонтски апарати тогаш плус уште едно место бара посебно внимание а тоа е делот околу брикетите на фиксните апарати. Затоа е потребно редовно и темелно четкање и на тие места.

Просторот помеѓу работ на непцето и забот

Просторот помеѓу работ на непцето и забот е критично место за развој на воспаление. Поради брикетите на фиксните ортодонтски апарати чистењето на тие делови е отежното и затоа треба да се обрне посебно внимание. За да се отстранат темелно наслагите а притоа да не се оштетат непцата треба да користите четка за заби Curaprox CS 5460. Бројните истражувања потврдуваат дека и електричните четки како Curaprox Hydrosonic Ortho/Pro можат нежно и ефикасно да го исчеткаат тој простор.

Интердентални простори

За чистење на интерденталните простори користете тенки интердентални четкички како Curaprox CPS »prime« бидејќи нивното тенко жичано јадро овозможува да се користат и кај тесните интердентални простори. Воспалението на непцата започнува токму во тие делови затоа треба редовно да се отстранува денталниот плак од нив. Ако не го правите тоа се зголемува ризикот од настанување кариес во интерденталните простори. Големината на интерденталната четкичка која ќе Ви одговара најдобро е да ја одреди Вашиот стоматолог.

Хигиена со фиксни ортодонтски апарати

Сите кои носат фиксен ортодонтски апарат треба покрај чистењето на просторот околу работ на непцето и интерденталниот простор, да внимаваат и на чистењето околу брикетите, под жиците бидејќи и тие се критични места за акумулација на дентален плак. Како помошни алатки за чистење на овие места Ви ги предложуваме:

  • Четка за заби со засек Curaprox CS 5460 Ortho
  • Електрична четка Curaprox Hydrosonic Pro
  • Четка со влакна во сноп Curaprox CS Single
  • Интердентални четкички
  • Специјални конци за таа намена

Хемиска поддршка

Хемиска поддршка

Понекогаш само механичкото четкање на забите со четка за заби и други помагала не е доволно ефикасно. Се препорачува употреба и на хемиски средства за контрола на денталниот плак: гел, паста за заби или раствори за плакнење на уста кои содржат состојки кои го намалуваат создавањето на денталниот плак. Производите од Curaprox Perio plus линијата содржат хлорхексидин кој со децении е златен стандард во стоматологијата и Citrox® кој ја зголемува моќта на хлорхексидинот.