Трети молари (умници)

Трети молари (умници)Третите молари или умници никнуваат како последни трајни заби, затоа во устата за нив останува малку простор. Најчесто тие неправилно никнуваат и се тешко достапни за четкање. Оттука и дилемата дали умниците треба да се отстранат или да останат во устата. Нашата задача е да одржуваме темелна хигиена и на тешко достапните места како што се последните заби. Доколку предизвикуваат потешкотии потребна е консултација со стоматолог за нивен понатамошен третман.

Орална хигиена на умниците

За квалитетна и темелна хигиена на забите, особено на оние тешко достапни места како што се умниците потребно е покрај четката за заби да користиме и дополнителни алатки како четка за заби со влакна во сноп CS 1006 „single“ или четки со помала глава како што е CS Kids. Понекогаш покрај механичкото чистење потребнa е и дополнителна хемиска поддршка, која дополнително ќе ги штити забите од кариес, на пример паста за заби (Perio plus Support), гел (Perio plus Focus) или течност за плакнење на уста на база на хлорхексидин и Citrox® (Perio plus Forte, Protect, Regenerate, Balance). Хлорхексидинот го спречува и го намалува воспалението кое често се јавува при никнување на овие заби.

За умниците потребно е да се посвети дополнително внимание. Растат на тешко достапни места за чистење, па често само површно ги четкаме, а при никнувањето долго време се препокриени со гингива па се создаваат т.н. џебови во кои се задржуваат бактериите. При неправилна и нетемелна хигиена може да дојде и до создавање на кариес кој може да се прошири и на останатите заби. Понекогаш и дополнителната нега не е доволна, па потребна е нивна екстракција.

 Причини за екстракција на умницитеПричини за екстракција на умниците

Доколку умниците не се никнати(најчесто и незнаме дека ги имаме), нивното никнување може да биде многу болно. Ако и покрај добрата орална хигиена предизвикуваат болка, најдобро е да се консултираме со стоматолог за нивниот понатамошен третман бидејќи одлуката за нивната екстракција е индивидуална.

Најчести причини за екстракција на умниците:

  • Неповолна положба ( растат во просторот на соседниот заб или спрема образите)
  • Забот во усната празнина нема доволно простор
  • чести болки
  • често воспаление
  • длабок кариес кој поради различни причини тешко е да се лечи

Која е врската помеѓу умниците и умот?

Умниците своето име го добиле по фактот што никнуваат подоцна во животот кога и треба да сме помудри. Дали е тоа така проценете сами.