За здрава усна празнина потребни се супер херои

Порано се мислело дека супер херои за здрава усна празнина се четката и пастата за заби, но новите истражувања докажуваат дека четката за заби и интерденталните четкички се новите супер херои. Микроорганизмите кои се наоѓаат на нашите заби и непца мора механички да се отстранат од сите пет површини на забите. Како да го направите тоа најефикасно?

Супер дуо: четка за заби и интердентални четкиЗа здрава насмевка најпрво започнете со четкање на забите.

1) Четката поставете ја хоризонтално така што половина влакна ќе ги покриваат непцата а другата половина забите

2) Влакната насочете ги кон непцата и четкајте со мали кружни движења без притисок

3) Од предните заби со мали кружни движења четкајте кон задните заби

4) Кај тешко достапните места како што се последните молари четката поставете ја вертикално и повторно користете кружни движења

5) При четкање на внатрешните површини на предните заби четката поставете ја вертикално. Ова правило важи при четкање на горните и долните предни заби.

6) При четкање на долните заби четката поставете ја хоризонтално, така што влакната половина ќе ги препокриваат непцата а другата половина забите. Влакната насочете ги кон непцата и четкајте со мали кружни движења без притисок

7) Со четкањето продолжите исто како кај горните заби

Кога добро ќе ги исчеткате забите со четка за заби, продолжете со интердентална четкичка

8) Интерденталната четкичка поставете ја на влезот на интерденталниот простор

9) Под агол внесете ја во просторот до крај

10) Внимателно извлечете ја интерденталната четкичка и постапката повторете ја во сите интердентални простори