Збогум бактерии, здраво здрави заби

Патот до здрави заби и непца е во правилната орална хигиена која започнува со квалитетно отстранување на меките забни наслаги и бактериите во нив. Тие се главни причинители на забловања на непцата особено во интерденталниот простор. Доколку сакате темелно а истовремено и нежно да го отстраните денталниот плак и да го спречите заболувањето на непцата, користете мека четка за заби со повеќе илјади тенки влакна. Средно тврдите и тврдите четки за заби не се препорачуваат бидејќи не се доволно ефикасни околу работ на непцето и притоа може да го повредат.

Забите имаат пет површини

Темелната орална хигиена не подразбира само четкање на забите, бидејќи на тој начин се чистат само три од вкупно пет површини на забите. Не треба да заборавиме и на интерденталните простори кои треба да се исчистат со интердентална четкичка или забен конец. Исто така треба да се одбере и интердентална четкичка со соодветна големина. Интерденталната четкичка треба да го исполни целиот интердентален простор за поголема ефикасност. Треба да се обрне внимание и на просторот околу работ на непцето. За правилна употреба и правилна големина на интердентална четкичка најдобро е да се консултирате со Вашиот стоматолог. Истото се однесува и за изборот на забен конец.

Хемиска поддршка на механичко отстранување на денталиот плак

Хемиска поддршка на механичко отстранување на денталиот плак

Понекогаш различни фактори придонесуваат да редовната орална хигиена не е доволна за да се спречи воспалението и заболувањето на непцата. Најчестите фактори кои ја компромитираат состојбата на оралните ткива се: пушење, стрес, хормонален дисбаланс, дијабет и наследни фактори. Во тие состојби можеме да си помогнеме со различни препарати кои содржат хлорхексидин – пасти за заби, раствори за плакнење, гелови... Но сепак треба да имаме во предвид дека овие производи се само поддршка на механичката контрола на денталниот плак . Доколку правилно не четкаме со четка за заби и интердентална четкичка ниту една магична формула нема да го спречи заболувањето на непцата.