Здрави сте ако Ви е здрава усната празнина

CuraproxДоколку немате болка, може да се каже дека Вашата усна празнина е здрава. Но дали е навистина така? Постои можност во устата да имате рана со големина на дланка а тоа да не го знаете. Пародонтопатијата е заболување кое го имаат 80% од населението, но нејзините знаци за заболување ги игнорираат.

Пародонтопатијата е заболување со кое се бори Вашиот имун систем но без Ваше знаење. Докажано е дека здравствената состојба на забите и пародонталните ткива е тесно поврзана со Вашето системско здравје. Пародонтопатијата ја зголемува можноста од срцев удар, мозочен удар, предвремено породување, неповолно влијае на здравјето на лицата со дијабет и го ослабува целокупното системско здравје.

Доколку не сте сигурни каква е состојбата на Вашите заби и усна празнина а притоа и редовно не користите четка за заби и интердентални четкички, наша препорака е да го посетите Вашиот стоматолог.