Комбинацијата од воден притисок и пулсациите во Edel+White PowerSpa оралниот туш создаваат уникатен млаз вода кој е идеален за стимулација на циркулацијата во непцата и чистење на просторот помеѓу забите. Без разлика дали сакате да го исчистите просторот помеѓу забите, околу забните импланти, коронките, мостовите и брекетите на ортодонтските протези или сакате да го освежите здивот, специјално дизајнираните продолжетоци ќе Ви го овозможат тоа.  
|  |   |   |  | 
| КЛАСИЧЕН ПРОДОЛЖЕТОК | ПРОДОЛЖЕТОК ВО ФОРМА НА ЧЕТКА | ЧИСТАЧ ЗА ЈАЗИК | СУБГИНГИВАЛЕН ПРОДОЛЖЕТОК | 
| За темелни чистење помеѓу забите | За меко четкање со специјалните влакна Konex HD® | За темелно чистење на јазикот | За чистење околу гингивалниот раб и пародонталните џебови | 
Производител: Scanderra, Швајцарија
|  Класичен продолжеток | Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода. Насочете го млазот вода кон непцата и забите под агол од 90°. Внимателно движете го млазот по гингивалната линија.Кога ќе завршите исклучете го апаратот и испразнете го резервоарот за вода | 
|  Продолжеток во форма на четка | Поставете го додатокот за четката на држачот, вметнете го врвот на додатокот во устата и насочете го директно меѓу забите, но не кон непцата. Затворете ги усните. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и одберете го саканиот режим за работа. Поместувајте го продолжетокот преку забите и останете секунда до секој заб и просторот помеѓу забите. Доколку е потребно, направете пауза, исплукајте го вишокот течност или наполнете го резервоарот. | 
|  Субгингивален продолжеток | ЗАБЕЛЕШКА: Овој продолжеток се препорачува само за употреба со низок притисок. Ставете го мекиот врв на продолжетокот до забот и нежно турнете го под непцата и во џебот. Чистете нежно следејќи ја гингивалната линија, вметнувајќи го врвот на продолжетокот во просторот помеѓу забите. Повторете ја постапката во сите делови без исклучок. | 
|  Чистач за јазик | Затворете ги усните за да одбегнете прскање на вода. Ставете го врвот на продолжетокот на задниот дел од јазикот и полека повлечете го кон врвот на јазикот. Повторете ја постапката неколку пати додека не го исчистите целиот јазик. | 
- класичен продолжеток за Edel+White Flosserpik Lighthouse
- субгингивален продолжеток
- продолжеток во форма на четка со влакна UltraSoft Konex HD® Edel+White Flosserpik Lighthouse
- чистач за јазик за Edel+White Flosserpik Lighthouse
 
    
             
 
 
 
 
                     
                    
 
                     
                    