Curaprox CS 1560 "soft"

За оние кои се навикнати на тврди четки за заби, но го сакаат најдоброто за своите непца

359,00 ден
01003
На залиха
+

Четката за заби CURAPROX CS 1560 "soft" соодветна е за лицата кои се навикнати на тврди четки за заби. CS 1560 "soft" е идеална за постепено преминување кон нежното четкање со CURAPROX CS 3960 i CS 5460 четките.

Влакната за време на четкањето го задржуваат својот облик и цврстина, а благодарение на малата и компактна глава овозможува лесен пристап до тешко достапните места во устата. Четката за заби има осумаголна дршка која овозможува лесно држење и поставување на влакната под агол од 45 степени при четкањето.

Содржи 1560 меки CUREN® влакна со дијаметар од 0,15 mm.

Производител: Curaden International AG, Швајцарија

  • Четката ја поставуваме така што половина од влакната ќе ги покриваат непцата, а другата половина забите. Влакната ги насочуваме кон непцето. Чистиме со мали кружни движења без притисок.
  • Со мали кружни движења и влакна насочени кон непцето полека се
    движиме кон бочните заби.
  • Предноста на широката глава на четката доаѓа до израз при чистење на
    дисталните површини на катниците.
  • Ако ја поставиме четката вертикално лесно ќе ги исчистиме тешко достапните места.
  • Кај долните заби насочете ја главата на четката кон непцата и продолжете
    со кружни движења без притисок.
  • Со добро обликуваната глава на четката, лесно ќе ги исчистиме тесните површини на долните заби.

1 CURAPROX CS 1560 soft четка за заби

Препорачуваме