Curaprox KIDS травел сет

Каде и да одите секогаш имајте чисти и здрави заби

Овој сет има се што им е потребно на децата за чисти и здрави заби. Четка за заби, паста за заби и интердентални четкички.

810,00 ден
Curarpox travel set kids Curarpox travel set kids Curarpox travel set kids Curarpox travel set kids Curarpox travel set kids
На залиха
+

Со Curaprox сетот за патување за деца, детската насмевка ќе остане сјајна дури и кога сте на пат. Овој сет, кој овозможува повторно полнење, е наменет за деца од 6 до 12 години и содржи четка за заби со 5.500 ултра меки влакна Curen® која лесно се расклопува, паста за заби со флуор (со вкус на ментол или лубеница) 10 мл и интердентални четкички CPS prime 06 и 07 – сè тоа спакувано во компактна кутија. Децата можат да го украсат комплетот со забавни налепници. Можете да ги менувате главите на четките, пастата за заби или интерденталните четкички во било кое време. Комплетот е идеален за семејни одмори, училишни екскурзии, ноќевање кај пријатели или за секојдневна употреба по училиште и обезбедува целосно чисти заби дури и кога сте на пат. Најдобро решение за оралното здравје на младите патници.

Сетот содржи:

- 1x четка за заби за деца, која лесно се расклопува 
- 1x паста за заби 10 ml со вкус на ментол или лубеница со 1450 p.p.m. натриум флуорид
- држач за интердентални четкички и 2 големини на CPS prime 06 и 07
- забавни налепници 

Чистите интердентални простори се клучни за беспрекорно орално здравје. Кај децата се препорачува користење од 6 годишна возраст. Доколку првпат користат интердентални четкички на почетокот може да се забележи крварење од непцата кое е знак дека има воспаление. Со редовно користење од 3 до 7 дена тоа видно ќе се намали. Четкањето на забите кај децата се препорачува да биде под контрола на родителите до кај 10 годишна возраст. 

Производител: Curaden AG, Швајцарија

Сетот содржи:

- 1x четка за заби за деца, која лесно се расклопува  

- 1x паста за заби 10 ml со вкус на ментол или лубеница со 1450 p.p.m. натриум флуорид 

- држач за интердентални четкички и 2 големини на CPS prime 06 и 07 

- забавни налепници