Edel+White Flosserpik PowerSpa Безжичен орален туш

Најнова технологија за чистење на просторот помеѓу забите

4.900,00 ден
31018
На залиха
+

Оралниот туш Edel+White Flosserpik PowerSpa се карактеризира со силен пулсирачки воден млаз, кој темелно го чисти просторот помеѓу забите, работ на непцата и тешко достапните места. Оралниот туш Power Spa е компактен, пренослив и целосно водоотпорен. Тој е безжичен и удобен за користење, така што работи одлично кога сте во движење, па дури и кога сте под туш или во када. Се одликува со уникатен резервоар за вода кој лесно се отвора, и овозможува лесно и практично користење. 

Пет причини поради кои ќе го засакате оралниот туш Edel White Power Spa:

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ - Уникатните продолжетоци на Power Spa оралниот туш овозможуваат различни начини на чистење и нивоа на притисок. Широкиот избор на додатоци ги задоволуваат сите Ваши потреби за орална хигиена.  

ПРЕНОСЛИВ - Безжичниот орален туш Power Spa е лесен и компактен. Зазема малку простор во бањата. Целосно наполнета батеријата трае од една до две недели. 

ВОДООТПОРЕН - Оралниот туш Power Spa е лесен за користење, практичен и водоотпорен и може да го користите додека се туширате. 

ЛЕСНО ЧИСТЕЊЕ - Капакот на резервоарот на оралниот туш Power Spa во долниот дел лесно се отвара и овозможува лесно чистење со што се спречува таложење на бактерии а со тоа се продолжува и векот на апаратот.

КОМПАТИБИЛЕН Е СО ТЕЧНОСТИТЕ ЗА ИСПИРАЊЕ НА УСТА - Оралниот туш Power Spa е компатибилен да се користи со течности за испирање на уста и Ви овозможува да внесете дополнителна свежина во секојдневната рутина на оралната хигиена. Со помош на продолжетоците овозможено е нанесување на течноста на точно определено место а со тоа е овозможено и терапевтско делување на истата. 


Klasični pršilni nastavek
Nastavek s ščetinami Nastavek za čiščenje jezika Subgingivalni nastavek
КЛАСИЧЕН ПРОДОЛЖЕТОКПРОДОЛЖЕТОК ВО ФОРМА НА ЧЕТКАПРОДОЛЖЕТОК ЗА ЧИСТЕЊЕ ЈАЗИКСУБГИНГИВАЛЕН ПРОДОЛЖЕТОК
За чистење помеѓу забите За исклучително меко четкање со ултра меки влакна Konex HD®  За темелно чистење на јазикот За длабинско чистење околу гингивалниот раб и пародонталните џебови

Технички карактеристики:

  • Четири продолжетоци, вклучително и продолжеток со ултра меки влакна Konex HD® и вибрирачко дејство
  • Променлива контрола на притисокот и копче за пауза
  • Целосно водоотпорен до 1 m под површината на водата
  • Максимален волумен 180 ml
  • Напојување 100–240 V AC | максимална потрошувачка на енергија 18 W
  • Класа за заштита на вода IPX7
  • Двегодишна гаранција. Загарантирана десетгодишна достапност на продолжетоците

Производител: Scanderra, Швајцарија

  1. Држете ја рачката, вметнете го продолжетокот во уста и наведнете се над мијалникот.
  2. Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода и вклучете го апаратот.
  3. Насочете го млазот вода под агол од 90° кон забите и непцата.
  4. Одберете помеѓу трите режими: активен(Active), нежен (Sensitive) и пулсирачки (Pulse). Апаратот Power Spa автоматски ќе започне со активен режим на работа, за да го промените повторно прититснете го копчето за вклучување. 
  5.  По последниот режим апаратото автоматски се исклучува. Доколку сакате рачно да го исклучите притиснете го копчето повеќе пати додека апаратот не се исклучи.
Класичен продолжетокПродолжетокот на оралниот туш вметнете го во устата. Насочете го врвот на додатокот директно меѓу забите, но не кон непцата. Затворете ги малку усните за да одбегнете прскање вода. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и одберете го саканиот режим на работа. Поместувајте го продолжетокот по гингивалната линија и задржете се секунда во интерденталниот простор. Продолжете во следниот интердентален простор. Доколку е потребно, направете пауза, исплукајте го вишокот течност или наполнете го резервоарот.
Продолжеток во форма на четкаПрицврстете го додатокот за четката за држачот, вметнете го врвот на додатокот во устата и насочете го директно меѓу забите, но не кон непцата. Затворете ги усните. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и одберете го саканиот режим за работа. Поместете го додатокот преку забите и останете секунда до секој заб и просторот помеѓу забите. Доколку е потребно, направете пауза, исплукајте го вишокот течност или наполнете го резервоарот.
Субгингивален продолжетокЗАБЕЛЕШКА: Овој продолжеток не е наменет за општа употреба. Може да се користи само при низок притисок на млазот. Поставете го субгингивалниот продолжеток на држачот и вметнете го врвот на продолжетокот во устата. Насочете го мекиот врв кон забот и нежно турнете го под непцата и/или во џебот. Затворете ги усните. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и одберете го саканиот режим за работа. Чистете со нежно следење на гингивалната линија, вметнувајќи го врвот на додатокот помеѓу забите. Доколку е потребно, направете пауза, исплукајте го вишокот течност или наполнете го резервоарот.
Чистач за јазикПрикачете го продолжетокот за чистење на јазикот на држачот, вметнете го врвот на продолжетокот во устата и поставете го на задниот дел од јазикот и затворете ги усните. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и одберете го саканиот режим за работа. Потоа полека повлечете го додатокот кон врвот на јазикот и повторете додека не се исчисти целиот јазик. Доколку е потребно, направете пауза, исплукајте го вишокот течност или наполнете го резервоарот.


  • 4 продолжетоци: класичен продолжеток, продолжеток во форма на четка, чистач за јазик и субгингивален продолжеток 
  • резервоар за вода со капацитет од 180 ml
  • упатство за употреба

Препорачуваме