CURAPROX Baby ортодонтска цуцла, големина 2 (18–36 месеци)

... и нема повеќе солзи - Curaprox baby цуцли лажливки за здрав развој на бебешките заби и вилици.

680,00 ден
29008
На залиха
+
  • View all variations as list

Вашето дете расте

Наменета за деца на возраст од 18 до 36 месеци или тежина од 10 до 14 кг. Паметна алтернатива за вообичаените цуцли – и непосакуваното цицање на палецот. Благодарејќи на биофункционалниот дизајн, го поддржува природниот развој на устата, забите и вилиците на децата и поттикнува правилно дишење преку нос.

  • Рамниот силиконски облик на цуцлата не прави притисок на непцето, што овозможува природен развој и облик на непцето. Цуцлата спречува развој на отворен загриз и неправилен раст на забите овозможува правилно дишење и мирен сон..
  • Страничните крилца на рамниот дел од цуцлата го насочуваат притисокот при цицање на вилицата, а не на непцето што овозможува забниот лак да има соодветно заоблен облик.
  • Флексибилниот силиконски штит на цуцлата со малите испакнувања му овозможува на бебето чувство слично на доењето и го поттикнува природниот процес на голтање.
  • Кутија за складирање: кутијата е погодна за транспорт и стерилизација во микробранова печка.

    Цуцлата е изработена од силикон. Не содржи bisfenol A (БПА), фталати и AZO-бои.

    Производот е тестиран во согласност со европските стандарди EN 1400.

    • Пред прва употреба цуцлата извријте ја – приближно 5 минути. Оставете да се олади, а остатокот од вода отстранете го.
    • Пред секоја понатамошна употреба на цуцлата проверете ја, посебно ако бебето има заби. Цуцлата повлечете ја во сите правци. При најмало оштетување на цуцлата обавезно заменете ја со нова.
    • Од безбедносни причини се препорачува цуцлата да се менува на секој 1-2месеци.
    • Чувајте ја цуцлата во приложената кутија или во сува кутија со капак.

    Инструкции за чистење на кутиите за цуцлата во микробранова печка: Цуцлата и кутијата исчистете ја со благ детергент и измијте ја под силен млаз на вода. Проверете ја чистотата на сите компоненти (цуцла, кутија, микробранова печка) бидејќи остатоците од храна и маснотии можат да го попречат процесот на стерилизација.

    Упатство за стерилизација:

    Кутијата наполнете ја (25 ml) со вода, во нејзе ставете ја цуцлата, затворете го капакот и поставете ја во микробрановата печка. Стерилизирајте 3 минути на 1000 W.

    • 1 цуцла CURAPROX Baby
    • 1 кутија за складирање на цуцлата

    Препорачуваме